Две лица се здобиле со тешки телесни повреди откако излетале од пат со мотор

На 15.09.2020 околу 17.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Мавровска крстосница-Маврови Анови, во близина на Врбенски манастир, мотоцикл „хонда“, со швајцарски регистарски ознаки, управуван Б.Н.(38) од гостиварско Чегране, а на кој се превезувала и 26-годишната И.И. од Република Албанија, излетал од коловозот. Мотоциклистот и сопатничката се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде биле пренесени за укажување лекарска помош. Извршен бил увид.