ДВЕ ЕЛИМИНАЦИИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ФУДБАЛСКИ ЕКИПИ УШТЕ ВО 1. КОЛО ВО КОНФЕРЕНЦИСКАТА ЛИГА

Два од трите македонски клуба што се појавија во средбите во Конференциската лига на УЕФА доживеаја порази во реваншите, а со самото тоа и се елиминирани уште во првото квалификациско коло. Честа на македонскиот фудбал ја спаси Шкупи кој кај косовскиот тим Љапи на гости одигра 0-0 и ја зачува предноста од 2-0 од првата средба одиграна во Скопје. Чаирчани сега одат на португалската Санта Клара во термините 22 и 29 јули, денови во кои и Шкендија ќе игра со Рига во истиот сегмент од истото натпреварување. Инаку дебитантот во Европските фудбалски купови Струга доживеа домашен пораз од Лиепаја со 4-1 и со вкупни 5-2 ги испрати Летонците натаму, а Силекс на гости загуби од Петрокуб со 1-0 и со конечни 2-1 за романската екипа ги заврши натпреварите во Конференциската лига на УЕФА.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста