ДВАЈЦА ЗАБОЛЕНИ ВО СТРУЧНИОТ ШТАБ ВО БАРСЕЛОНА, ПА УТРЕШНИОТ МЕЧ ВО БИЛБАО ПОД ЗНАК ПРАШАЊЕ

Барселона има двајца позитивни на коронавирус во својот стручен штаб по што денеска се прават дополнителни тестирања на сите играчи од што ќе зависи дали Каталонците утре ќе играат на Сан Мамеш против Атлетик Билбао. Тоа е заостанат меч и ако нема други заразени особено меѓу играчите ќе се игра, но ако се појават нови случаи или каква и да е опасност, дуелот може повторно да биде одложен.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста