Двајца млади мажи со ковид починаа во Штип

Двајца мажи од Берово и Штип на возраст од 35 и 38години починаа во штипскиот Ковид-центар. 38 годишниот штипјанец имал потешка клиничка слика, но цело време бил под лекарски надзор.

  „Вчера утрото беше добар, сабилен но при едно придвижување одење во тоалет, можеби беше индикација за да настапи влошување на состојбата , со развивање на белодробна-тромб емболија. Веднаш беа повикани кардиолог, анестезиолог, беше ординирана терапија. Во даден момент ситуацијата се стабилиира, но во попладневните часови повторно настапи влошување и за жал заврши со смртне исход„-изјави д-р Дијана Шишкова, началник на Инфективно одделение.

 Началничката на штипска инфектологија д-р Дијана  Шишкова за Алфа вели дека пациентот бил вакциниран со две дози од кинеска вакцина. Алармира посебно до помладата популација задолжително да се ревакцинираат. Помладиот пациент од Берово бил со кормобидитет( Даунов синдром), не бил вакциниран, а имал исклучително тешка клиничка слика.  

    Во изминатиот период континуирано расте притисокот врз Ковид-центарот во Штип . Има уште шест слободни места . Во Инфективното одделение се хоспитализирани 54 лица, од кои 48 се на кислородна поддршка. На Кожното одделение се лекуваат девет пациенти. Од хоспитализираните, 18 се вакцинирани. Според болничкиот извештај само вчера на ова одделение се примени  8 нови пациенти од источниот регион. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста