Двајца позитивни на Корона вирус во ДПИ – надзорот за избор на нов ректор се одложува

Корона вирусот влезе и во Државниот просветен инспекторат. Регистрирани се двајца вработени во администрацијата позитивни на Ковид 19.Директорот на инспекторатот ја потврди информацијата за Алфа и вели дека сега се чека епидемиолошката анкета за да се утврди колку од вработените ќе одат во самоизолација.  Со новонастаната ситуација можно е да се одложи и надзорот за избор на ректор и  избор на нови членови на Сенатот на УКИМ.

„Се прави епидемолошка анкета за да видиме кои од инспекторите во Скопје биле во контакт со заразните вработени во администрацијата. Чекаме да видиме што ќе ни кажат епидемиолозите. . Ако се стават во изолација ќе се стопира па ќе се бара друго решение.Јас имам информација дека едена инспекторка ќе оди во домашна изолација, зошто била во контакт со зарзените “, вели за алфа директорот Спировски.

Синдикатот денеска повторно со обвинувања  за Јанкуловски дека  прави обид за манипулација на изборниот процес и го прекршува статутот на УКИМ.

Кога ќе се прочита уредбата, без да се тргне премисата дека е важно да се зачува демократичноста на изборниот процес, човек во најмала рака ќе каже дека уредбата е нејасна. Затоа независниот академски синдикат денеска е тука да достави барање до Владата како донесувач на уредбата за автентично толкување на истата –изјави Проф. Маја Стевановиќ – член на НАКС.

Од Синдикатот велат дека има доволно време да се избере нов ректор затоа што мандатот му истекува на 15 септември и  во уредбата е предвидено продолжување на мандати на органите и телата во вонредна состојба. За нив е неприфатливо да се форсираат избори во кои кандидатите нема да имаат можност да ги претстават своите програми.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста