Двајца мртви откако воз излетал од шините во Италија

Во близина на местото Лоди, северна Италија, возот излетал од шините утрово околу 5.35 часот, има еден мртов и 30 повредени соопштува полицијата. Двајцата мртви се машиновозци, а има и околу триесетина повредени.

Серџо Матарела, претседател на Италија, изрази сочуство на семејствата на загинатите, се обрати до надлежните да ги дознаат причините за несреќата и да се обезбеди безбедноста при патувањето на граѓаните.

Синдикатот на вработените во италијанската железница организираат штајк кој ќе трае два часа од 12 часот на пладне. Сериозната ситуација од денешната несреќа и почит кон вработените, кои работат на национално, а не на локално ниво ќе го искажат со штрајкот закажан  во петок. Според првичните информации во штајкот ќе се вклучеле и претставници на сите компании од овој сектор од цела држава.

Поради несреќата во прекин е сообраќајот меѓу  Милано и Болоња.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста