Двајца медицински работници во Поликлиниката Чаир позитивни на Ковид 19

Страв и паника кај здравствени работници од поликлиника Чаир. Матични лекари и сестри кои биле во контакт со докторка заболена од Ковид, по периодот на изолација се вратиле во своите ординации, а не биле тестирани. Стравуваат оти некој од нив можеби е асимтоматски носител на вирусот. Секојдневно се во меѓусебна комуникација, но имаат и контакт со пациенти. Гневни се на надлежните кои во периодот на изолација, ниту ги провериле дали се здрави, ниту ги прашале дали се дома.

Од Центарот за јавно здравје велат – баш поради тоа што се работи за здравствени работници, тие не биле контролирани оти и самите го знаеле протоколот за лекување на пациенти со Ковид 19.

„И за здравствените работници како и за другите граѓани важи истото правило, ако не развијат никакви симптоми во текот на 14 дена нема потреба да се тестираат и може да се вратат на секојдневните работни обврски“, велат од ЦЈЗ.

Сагата на десетмината медицински лица почнала по првичниот состанок со заболената докторка, која во тој период не знаела оти е носител на болеста. Откако добила позитивен резултат, престанала да оди на работа. Другите дванаесетмина кои имале контакт со докторката биле ставени во домашна изолација и тоа во период од десет дена. Една од медицинските сестри во домашна изолација добила симптоми и побара да биде тестирана, а тестот бил позитивен. Останатите не биле тестирани, а веќе три дена одат на работа, оти периодот за изолација им поминал. Сега стравуваат дали и кај другите ќе се појави болеста, бидејќи од контактот со заразената медицинска сестра минале само десет дена.

Во земјава, над 220 здравствени работници се позитивни на Ковид 19 што е 17 отсто од вкупниот број на заболени. Докторите и сестрите постојано се жалат оти немаат доволно заштитни средства за работа, посебно оние во примарното здравство.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста