Двајца малолетници физички нападнати од група непознати лица

На 19.07.2020 во 01.30 часот во СВР Скопје, С.К.А.(44) од Скопје пријавила дека на 18.07.2020 околу 21.40 часот, во близина на училиште на ул.„Женевска“ во Скопје, нејзиниот 16 годишен син кој бил заедно со уште еден 16 годишен малолетник по претходна расправија биле физички нападнати од група непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста