Дваесет и пет мигранти фатени во струмичко

Расте бројот на илегални мигранти кои се обидуваат да ги преминат македонските граници. За само една недела бројката е околу 200 луѓе кои се фатени.

Дваесет и пет мигранти се откриени само вчера на локалниот пат с.Банско кон с. Муртино, струмичко, четиринаесет се од Авганистан, седум од Пакистан и четири од Иран. Фатени се во комбе со штипски регистарски таблички. Полицајците ги откриле откако возачот го оставил возилото и побегнал, велат од СВР Струмица. Од почетокот на 2020 до сега бројката е околу 6000 луѓе фатени во обид да стигнат до западните земји.

Техничкиот премиер Спасовски во последната изјава нагласи дека транзитот повеќе не е опција. Односно дека ќе има нулта толеранција за оние кои ќе сакаат нелегално да поминат.

Во меѓувреме ЕУ ги прифаќа принципите на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој смета дека има потврда за своите постапки. Како прв шеф на една европска влада, тој уште во јануари рече дека ќе настане нова мигрантска криза во 2020 година и тоа го образложи со развојот на ситуацијата во Сирија. Во 2015 година, тој побара од ЕУ да посвети поголемо внимание на заштитата на границите, а помало на доселувањето. Овој став сега го делат повеќето земји од ЕУ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста