ДВА НОВИ НАТПРЕВАРИ ОД 3. КРУГ ВО ДОМАШНИОТ КОШАРКАРСКИ ШАМПИОНАТ

Денеска се играат уште два меча од 3-тиот круг во домашната кошаркарска Супер лига. Втората екипа на МЗТ Скопје од 18 часот го дочекува Црб Дрим, а Гостивар во исто време му е домаќин на Еуроникел. Вчера Работнички го победи Кожув на гости со 95-84, а Академија ФМП дома славеше со Куманово со 91-89. Два меча од ова коло: Вардар-МЗТ Скопје и ТФТ-Пелистер се одложени.