ДВА ДЕНА ПАУЗА НА ЕП ВО ФУДБАЛ ПРЕД СТАРТОТ НА ЧЕТВРТФИНАЛЕТО, УКРАИНА И АНГЛИЈА ГИ ЕЛМИНИНИРАА ШВЕДСКА И ДАНСКА ЗА МЕСТО МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ОСУМ

Познати се сите четвртфинални двојки на Европскот првенство во фудбал. Украина синоќа со 2-1 по продолженијата ја победи Шведска и закажа борба за полуфиналето со Англија која претходно на Вембли со 2-0 ја совлада Германија. Украинците воедно во Глазгов со самиот пласман меѓу најдобрите осум на континетот, ја остварија примарнаата цел на селекторот Андриј Шевченко. Мечот по основните 90 минути заврши нерешено 1-1 откако Украинците го отворија резултатот преку Олександар Зинченко во 27. минута, а изамнувањето стигна во 43.минута преку Емил Форсберг. Во продолженијата Шведска остана со играч помалку бидејќи Даниелсон доби директен црвен картон во 99.минута, а потоа младиот Артем Довбик во 121. минута погоди за победа на Украина. Претходно Англија со головите на Стерлинг и Кејн во Лондон ја елиминираше со 2-0 Германија која имаше неколку одлични и очигледни шанси кои не успеа да ги реализира, што секако можеше да влијае врз конечниот епилог.

Укарина и Англија четвртфиналниот меѓусебен дуел го играат во Рим на 3.јули, кога во Баку се игра мечот Данска – Чешка, претходно на 2.јули во Минхен, Белгија ќе се соочи со Италија, а истиот ден во Санкт Петерсбург Швајцарија ќе ги одмери силите со Шпанија.

Поврзани вести