Дурловски: Македонија ќе победи!

Неколку години живеевме со семејството во странство, и кога се вративме тука во Македонија наместо да живееме лагоден живот кој сме го планирале, настана хаос. Без поддршката од семејството, сопругата и најблиските јас не би го изодел овој пат, барем во тој судско-обвинителски свет. Јас и сопругата и покрај големите можности и ангажмани во странство ете се решивме во Македонија да твориме и живееме, изјави поранешниот директор на МОБ и актуелен кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Дурловски во вечерашната емисија „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Зборот патриот за жал, додаде тој во последно време е многу експлоатиран збор и на некој начин дел од луѓето сакаат да го испоганат. – Но, незнам најверојатно човек – патриот се раѓа. Еве пример ми е едниот син од трите деца, кој многу емотивно ги сфаќа и прифаќа работите за Македонија, рече Дурловски.

Околу здравствениот тим на министерот Венко Филипче, Дурловски посочи дека тимот многу лошо ја менаџира ситуацијата со коронавирусот и дека носат политички проценки за избрзани парламентарни избори.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста