Филипче се правда граѓаните го критикуваат да не зборува за стагнација кога смртноста е голема а вирусот непредвидлив

Нема потреба од воведување на карантин во Прилеп, дециден е министерот за здравство Филипче иако градот деновиве урива рекорди по бројот за заразени и починати од Корона вирус. И покрај апелите на градоначалникот Јованоски кои побара од надлежните да воведат доплонителни рестрикции со цел вирусот да се стави под контрола, министерот тврди оти досегашните мерки дале резултат, а притисокот врз прилепската болница бил намален.

 „Очигледно е дека вака димензионираните мерки со затворени угоститетлски објекти после 21 часот, забрана за групирање, практично во текот на целото деноноќие, еве постепено ја олабавува ситуацијата и заеднички заклучивме дека нема потреба за дополнителна рестрикција која што не би имала некаков позначаен ефект од тоа што го даваат мерките кои се сега на сила“, – посочи министерот Филипче при денешната посета на Прилеп.

Од утре во Инфективното одделение, ќе започнат да волонтираат медицински тимови, регрутирани од редовите на матичните лекари, дополнителна мерка која ОКШ ја предложи пред два дена.

„Вклучени се и понудени се околу 30 до 35 доктори во овој момент, така што ние ќе почнеме..Доволни се пет или шест на почеток, а секоја недела ќе се зголемува бројот“, – рече градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Со 130 починати, од кои триесетина само во последните две недели, Прилеп е високо на листата на Институтот за јавно здравје како град со најголем број на починати, по Скопје, Тетово и Куманово.

Kaролина Дурло