Дури 700 лекари во БиХ на боледување, се плашат од коронавирусот

Дури 700 лекари и други медицински работници во Босна и Херцеговина се на боледување во пикот на епидемијата на Ковид-19.

Во Сараево инфекцијата е потврдена кај 35 луѓе, сепак, загрижува фактот дека во екот на епидемијата во Сараево на боледување се дури 700 медицински лица, а постои сомнеж дека повеќето од нив на тој начин сакале да го избегнат ризикот од зараза на работното место.

Директорката на Клиничкиот центар во Сараево предупредува дека станува збор за сериозен проблем кој се заканува да го урне здравствениот систем.

  • „Отсекогаш имаме проблем со лажни боледувања и тврдам дека во моментот две третини од медицинските работници неоправдано изостануваат од работа. Ги среќавам своите вработени како се шетаат низ град, а некои од нив самите на себе си издале боледување. Ја следиме таа аномалија која во екот на неизвесната борба против Ковид-19 се коси со Хипократовата заклетва и дојдовме до сознанија дека главно станува збор за исти лица“, вели директорката на клиничкиот центар во Сараево, Себија Изетбеговиќ.

Сите надлежни реагираа на оваа ситуација во која се најде градот и ги заоструваат критериумите за боледување. Меѓудругото најавената  еднократна финансиска помош ќе следува  само за оние кои работат од почетокот на пандемијата.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста