Дурент и Харден го урнаа Торонто, рекордна ноќ за Рубио во Кливленд

Бруклин славеше кај Торонто со 116-103, во меч на кој Кевин Дурент и Џејмс Харден постигнаа речиси половина од поените. Во петтиот триумф по ред, Дурент уфрли 31 поен, три повеќе од Харден, кој пак придодаде 10 скока и 8 асистенции. Нетси сезонава имаат само три порази од десет настапи, и се третти на Исток, за разлика од Репторси на осмото место со скор шест победи и пет порази. Фантастична ноќ имаше и Рики Рубио предводејќи го Кливленд до победа над Њујорк со 129-109. Шпанецот стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој како резерва оствари над 35 поени и 10 асистенции и притоа погодил осум тројки. На останатите средби, актуелниот првак Милвоки загуби во Вашингтон 94-101, Орландо ја доби Јута 107-100, Индијана славеше кај Сакраменто 94-91, Оклахома го надигра Сан Антонио 99-94, Голден Стејт беше подобар од Хјустон 120-107 и Клиперс го совлада Шарлот со 120-106.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста