Дупла предност за Филаделфија, Њујорк и Јута изедначија во плејофот

Три нови натпревари се одиграа во плејофот на НБА. Филаделфија поведе со 2-0, Њујорк и Јута изедначија на 1-1.Филаделфија вторпат подобра од Вашингтон, сега со 120-95.Тимската игра ги красеше Сиксерс, а во неа најистакнати имиња беа Ембид и Симонс со по 22 поени. За тимот од метрополата од помош не беше најефикасниот поединец на мечот Бредли Бил со 33 коша. Њујорк изедначи на 1-1 против Атланта. Со одлична игра особено во вториот дел, Никси триумфираа со 101-92. Роуз за нијанса подобар од останатите со 26 поени, четири повеќе од Тре Јанг на спортивната страна. Јута се реваншираше за првиот пораз од Мемфис, сега победи со 141-129, и покрај маестралниот Џа Морант кај гостинот со 47 поени. Џезерите изедначија на 1-1, најмногу благодарение на двојните учиноци Мичел со 21 поен и 13 скока, и Конли со 20 коша и 15 асистенции.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста