Дупјачанец се враќа на теренот за натпреварите од ЕХФ Купот

Голманот на РК Металург, Даниел Дупјачанец не е посериозно повреден и ќе биде дел од составот за најважните натпревари на Металург во ЕХФ Купот.

Тој се повреди на првенствениот натпревар со екипата на Струга, кога во обид да одбрани удар се здоби со повреда на задниот бутен мускул. За среќа, повредата не е многу сериозна, но Даниел сепак ќе биде надвор од терените во следните две седмици.

Главните европски натпревари на Металург почнуваат на 16/17 ноември, и една седмица подоцна, кога Металург ќе настапи во третото коло на ЕХФ Купот.

Даниел Дупјачанец е еден од предводниците на Металург, кој со своето искуство е од огромно значење за тимот од „Автокоманда“.

Во домашното првенство тој ќе ги пропушти гостувањата кај Пелистер и кај Радовиш.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста