Дукоски: „27 април“ е фингиран случај со цел да се замолкнат сите, да се исплаши народот

Фингирана постапка која има за цел да го загуши правото на искажување на својот став, предизвикување страв кај народот и замолчување – вака го опишува целиот судски процес за настаните од 27 април адвокатот Сашо Дукоски, кој беше бранител на осудениот на најголема казна од 18 години затвор – Митко Чавков. Како тогашен директор на Бирото за јавна безбедност се товареше за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок“ бидејќи не дал наредба на министерот за внатрешни работи за мобилизирање на полицијата по упадот во Собранието, што според Дукоски е тотално неточно. Адвокатот е дециден дека токму СВР Скопје ги имало надлежностите за тоа колку полициски службеници се потребни за обезбедување на Парламентот.

Но надлежноста за обезбедување на луѓе. објекти, настани, Собрание? Таа не е на Чавков. СВР Скопје прави проценка, колку полициски службеници се потребни. Првиот човек на СВР Ск е должен да процени, и да се обрати до Чавков. Ако тој не може да му даде доволно службеници, како директор на БЈБ, тогаш може да правиме разговараме за тоа – коментира адвокатот Сашо Дуковски.

Судскиот процес заврши со правна невидена небулоза, во досегашното македонско правосудство – бидејќи едни беа осудени за упад во толпа, а други за тероризам – коментира Дуковски. Како бранител на Чавков, знаел дека тој бил таргет во овој предмет, еден ден по упадот на демонстрантите во Собранието, кога тогашниот претседател на СДСМ му порачал да бега.

Очекувам веднаш и одма, оставка од Митко Чавков и нека бега подалеку – изјави Зоран Заев на 28.04.2017

И не е апсурден само случајот со Чавков. Секоја пресуда би требало да се заснова на докази искажани на главната расправа, а не на, како што вели Дуковски, нарачани, фингирани, сведочења  кои се преточени во драконски казни.

Па тие луѓе се заборавени 5 години таму. Ова е нонсенс, правен нонсенс,  и нека ме повика некој, ако не е ова копи – пејст ако ова не е нонсенс. Се уште се надевам дека владее правото, и се уште се надевам дека врховниот суд, како највисок суд, ќе ги увиди сите грешки, и сите нонсеси. Ова беше класична проституција, класично ништење на се што се нарекува право – вели Дуковски.

Дека судскиот процес за настаните од 27 април е црна дамка во македонското правосудство, покажува и тоа што се изучува на странски универзитети како негативен процес. Дукоски направи паралела на овој случај, со случајот во САД, каде демонстранти упаднаа во Капитол Хил. Пет мртви и многу повредени беше епилогот од настанот во кој дел од демонстратите имаа и оружје. Највисоката казна за тие дејствија, во беше до пет години затворски казни.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста