ДУИ во опозиција: Фактот што Али Ахмети не е власт е еден од најголемите успеси на новата Влада
Ипсраќањето на ДУИ во опозиција и почнување со сериозна борба со корупцијата и кримналот се меѓу најголемите успеси на новата македонска Влада, која е во транзиционен период со тоа што конечно по две децинии партијата на Али Ахмети веќе не е во власта. Според познавачите и покрај транзицијата, новата власт тоа покажува успеси во својата работа. За само 100 дена новата владејачка гарнитура успеала да докаже дека може да биде поразлично од претходно. Политичкиот аналитичар Александар Ристевски вели дека владина коалиција успеала и повеќе од успешно да го помине трансферот на власта.
-Транцизија, каде еден од политичките субјекти кој што беше во таа коалиција беше повеќе или помалку над 20 години во власт, тоа беше најголемата и најекстремната промена. Кај македонскиот политички фактор мислам дека некои работи и полесно одеа, изјави Ристевски.
Според политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи, Владата во првите 100 дена исполнила она што го ветила, пред се со зголемувањето на пензиите.
-Првите 100 дена се успешни на новата Влада, бидејќи тие 5-6 точки кои што беа цел веќе новата Влада, веќе се исполнети. Можам да споменам првото е зголемувањето на пензиите на граѓаните, над 330 илјади, изјави Фаризи.
По долги години и ДУИ замина во опозиција. Според Фаризи тоа е најголемиот проблем кај интегративците, но смета дека немаат моќ да го направат она што го најавуваат, односно протести и евентуална дестабилизација, со цел промена на политичката сцена во државата.
-Тие се соочуваат со големи проблеми на терен, пред се нивните активисти кои преминуваат во другите политички партии, односно во коалицијата ВЛЕН. И дополнително тие што немаат веќе мотив да излегуваат и да прават протести, изјави Фаризи.
Пред власта е и борба со евентуалните криминални дејствија на своите претходници. Според Ристевски токму тоа е една од работите кои сигурно ќе ги интересираат граѓаните, кои бараат одговорност за секоја криминална дејност.
-Доколку криминалите, злоупотребите и сето она што беше негативност во изминатите години, доколку не се процесуира, не се санкционира и нема завршница, ова општество ќе тоне, а народот ќе биде хронично незадоволен, изјави Ристевски.
Според познавачите пред Владата престојат уште голем број предизвици, како што е расчистување со партиските кадри во државните институции и нивно претворање во вистински сервис на граѓаните.
Матеја Петровски