ДУИ традиционално победата ја славеше со пукање

ДУИ и годинава ја продолжи традицијата,славјето после изборите да го “зачини” со пукање. Синоќа во седиштето во Мала Речица, најпрво дојдоа зурли и тапани, се играше оро,се скандираа пароли за победа.Но,нешто подоцна, откако победата официјално ја прогласи и самиот  партиски лидер, Али Ахмети, следуваше рафално пукање со огнено оружје, токму кога нашата екипа беше вклучена директно во отворената програма на Алфа.

Пукањето после изборните победи, ДУИ го практикува со години.Освен во Тетово, се пукаше и во скопски Чаир. Самиот градоначалник,Висар Ганиу синоќа сподели видео на кое се слушаат истрели, но видеото веднаш беше избришано. За вчерашниот случај,во тетовската полиција велат, дека сеуште немаат пријава до нив за ваков случај на организирано пукање,но работат на утврдување дали имало поединичени случаи на пукање со огнено оружје. Инаку, за ова се одговара пред Законот и прекршочно,поради нарушување на јавниот ред и мир, но и кривично, за предизвикување на општа опасност.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста