ДУИ се однесува како давеник: Очајнички потези во обид да се спасат од целосен политички потоп

ДУИ се однесува како давеник: Очајнички потези во обид да се спасат од целосен политички потоп

Очајнички потези во страв од целосен политички потоп. Така може да се сфатат последните пораки на ДУИ и затскриените закани дека без соработка со нив немало да ги има Македонците, испратени директно од партискиот лидер Али Ахмети. Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи за Алфа вели дека ДУИ од опозиција тешко е да има и мал дел од моќта која што ја имаше изминативе и повеќе од 20 години, вели кај нив постои сериозен страв дека на следните локални избори, може да останат без ниту една општина.

-ДУИ како политичка партија во следниот период кога ќе биде во опозиција точно ќе знаеме на следните локални избори, кога ќе останат најверојатно без ниту една општина на ниво на држава. Така да тие имаат време до 2025-та да се консолидира, да излезе со програма, тоа што го имаат кажано експертите од странство, да го понуди пред граѓаните, да видиме дали граѓаните ќе ја прифатат нивната понуда, изјави Фаризи.

Интегративците најавуваа дека ќе бидат констктруктивна опозиција, но сепак реалноста е сосем друга. Според Фаризи реториката  дека Владата била нелигитимна и заканите од најголемите функционери, се само со цел повторно да се дограбат некако до владините фотелји и обид да се спасат од криминалот сторен во текот на минатите две децении.

-ДУИ е само една политичка организација, што во минатото ја имаме запишано како политичка партија која е влезена во тежок криминал и корупција. Така што нивните посакувања да бидат дел од власта е само нивна реторика со цел тоа да го постигнат со закани кон Владата, изјави Фаризи.

ДУИ очигледно и повеќе од тешко ја прифаќа реалноста дека не се веќе во удобните фотелји, па дури и во јавноста постојат сомнежи дека во наредниот период подготвуваат дестабилизација во државата, за што предупреди и премиерот Христијан Мицкоски. Фаризи вели има индиции дека Ахмети е подготвен на такво сценарио, но останува отворено прашање дали ќе успее да ги убеди поддржувачите.

-Чим премиерот излегол со такви информации, веројатно тој е информиран за можни дестабилизации, но пред се ДУИ треба да го чека септември и да ги убедува луѓето да излегуваат на протести и да ги убедува истите да прават проблеми на тие протести. ДУИ кога ги дава изјавите, односно нивниот лидер, во иста реченица има два различни ставови, во едниот став и се заканува на државата дека по секоја цена тие треба да бидат дел од власта, изјави Фаризи.

ДУИ во текот на минатите 22 години, на власт беше цели 20. Кратко замина во опозиција во периодот од 2006-та до 2008-ма, како и сега кога новата Влада ја формираа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“.

Матеја Петровска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста