ДУИ не ја прифати Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива допрва ќе градат став

ДУИ нема да ја прифати Резолуцијата за национално обединување предлоѓена од ВМРО ДПМНЕ. По средбата со пратеничката група на опозицијата, интегративците бараат усогласување на текстот па потоа гласање по истиот. За Арбр Адеми од ДУИ ваквта иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ била штетна за дрѓжавата, па наместо утврдување на македонски црвени линии во преговорите со Бугарија, бараат да се посветело внимание на приоритетни агенди.

Од коалицијата на Села и ГАши остануваат воздржани. по средбта во Собранието најавуваат разговори во партиите па потоа ќе одлучат. Сепак бараат владејачкото мнозинство да ги усогласи ставовите, откако СДСМ изненадувачки ја прифати Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ онаква како што беше презентирана. 

Од ВМРО-ДПМНЕ пак се задоволни од како што ги оценија конструктивните средби со сите парламентарни  партии. Очекуваат сите да застанат на една страна и заеднички да се исцртаат црвените линии на македонските национални прашања кои ги значат и заштита на јазикот идентитетот и историјата.

Во текот на денот биле оставрени средби и со партијата БЕСА и Левица. Од опозицијата побарале средба и со СДСМ , но не добиле одговор. Претходно и ДОМ, ЛДП и Демократски Сојуз најавија поддршка н Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Ивана Соколовиќ Најдова  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста