ДУИ ја губи моќта меѓу Албанците во Македонија, па затоа може да се обиде да мобилизира групи од соседството

ДУИ ја губи моќта меѓу Албанците во Македонија, па затоа може да се обиде да мобилизира групи од соседството

Демократската унија за интеграција на големо се спрема за турбулентна есен и е подготвена од петни жили да се бори за да го спаси капиталот кој криминално го стекна изминатите две децении на власт. Премиерот Христијан Мицкоски предупредува дека партијата на Али Ахмети нема голем одзив кај своето членство за дестабилизација, па затоа можно е да се обидат да мобилизираат радикални групи од соседството. Тој сепак смирува – институциите ќе направеле се, за да ги заштитат граѓаните, суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија.

Одзивот на терен кој го гледаме кај гласачите е лош. Не веруваат во сценарија на некои кои од голтари во политиката станаа милионери. Граѓаните сфаќаат дека тие не се кредибилни. Но можно е да се обидат да мобилизираат некоја критична маса од соседството. Стигнуваат информации за тоа, предупредува премиерот Мицкоски.

Мотивот за ваквото однесување на интегративците, премиерот го гледа во незаконски стекнатите пари кај моќниците од оваа партија. Тој не остапува од предизборното ветување дека секој што се огрешил пред законот ќе одговара. Тоа посебно се однесува и на ДУИ, која за време на владењето на предходната гарнитура важеше за најкорумпирана партија во државата. Предуслов за ова се реформи во правосудсвото.

Во таа насока, Мицкоски истакна дека воопшто не се повлекол или премислил од идејата да се распушити судскиот совет како прв и важен чекор за реформи кои конечно ќе донесат правда во македонија.   И покрај тоа што постопи негопдување во врска оваа идеја, до ден денес не стигнал ниту еден предлог до Мицкоски, како поинаку да се реши ова прашање – ниту од меѓународната заедница, ниту од експертите.

„Дали сум се откажал? Ако добиеме подобар предлог за којшто, апелирам, молам еве ја користам оваа прилика, сите тие што беа против и од ЕУ и од експертската јавност, еве ве молам доставете, поминаа месеци ако не доставите тогаш доаѓаме до заклучокот дека вие намерно штитите институции коишто не се способни да обезбедат поддршка кај граѓаните поголема од 2 проценти, институции коишто не гарантираат владеење на правото, бидејќи 2 проценти кај граѓаните не е владеење на правото и институции коишто му служат некому, а не граѓаните. Како премиер, како претседател на Владата којшто добил, излегувајќи напред на чело на коалицијата, 450.000 граѓани на избори на оваа програма, ако не добијам подобар предлог не ми преостанува ништо друго освен тоа да тој предлог што погласно го промовирам и да ја вратиме довербата кај граѓаните“, рече премиерот.

Довербата во судско-обвинителските институции е на рекордно ниско ниво –2%. Власта најави мерки за јакнење на независноста на судството и јавното обвинителство и јакнење на механизмите за превенција и борба против корупцијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста