ДУИ и БЕСА резервирани за предизборно коалицирање со Заев за локалните избори

Ќе ја добие ли Заев помошта за соработка од албанските партии во пресрет на локалните избори? Тој пред неколку дена испрати повик за сплотеност односно коалиција предизборна или постизборна, дел од аналитичарите тоа го толкуваа како повик за спас, оти судејќи по скандалите кои ја тресат владата, гласачкото конто на СДСМ се ситни.

Дали премиерот ќе бара подадена рака од Ахмети или Касами? Двете партии се дел од неговото владејачко мнозинство, но која од нив ќе се нафати да соработува повторно со СДСМ и што ќе биде побарано за возврат?

Од ДУИ засега резервирани, за Алфа велат дека засега во партијата на Ахмети не се разговара за коалиции.

Според внатрепартиските анкети, ДУИ е апсолутен победник на претстојните локални избори и убедливо прва партија во сите општини. Засега не сме разговарале за предизборни коалиции ниту за коалиции во втор круг со ниту една друга партија, соопштија ДУИ.

И од БЕСА без конкретен одговор, велат се уште било рано такви разговори.

Има време до локалните избори, се уште нема договорено никаква официјална соработка за локални избори меѓу СДСМ и БЕСА, но се водат разговори , велат од БЕСА за Алфа.

Во партиските кулоари се погласни се шпекулациите дека сепак партијата на Ахмети ќе има некаква соработка со социјал-демократите за локалните избори, оти такво нешто според неофицијални информации, е договорено кога се формирала Владата меѓу СДСМ и ДУИ. Дали заради ова БЕСА ќе извиси е засега неизвено.

Инаку победите на СДСМ никогаш не биле самостојнa, почнувајќи од 2017тата година кога Заев победи со помош на коалцијата со ДУИ, потоа имаа успешна соработка за локалните избори, заеднички социјал-демократите и интегративците настапија и за претседателските избори, а на последните парламентарни избори Заев настапи заедно со движењето БЕСА.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста