ДУИ бараат повторно отварање на слуачите Монструм, Сопот, Алмир…тоа ќе било услов за коалиција со партиите

ДУИ со нов услов, повторно отворање на случаите Сопот, Монструм, Алмир, Саздо…ова ќе биде еден од критериумите за избор на коалициониот партнер на интегративците. Нухиу вели дека бараат од судските институции повторно да ги разгледаат како што вели тој спорните случаи.

  • Тоа е услов. Ние сакаме и се залагаме да се исполнат кумулативни сите атрибути на правната држава.

Нухиу вели дека се залагаат и за ветинг во судството, обвинителството и политиката.

  • Демократската партија за интеграции се ангажира за целосен ветинг, кој подразбира двојна контрола на секој политичар, обвинител и судија во земјата затоа што интегритетот на раководното лице и на институцијата што ја раководи се основата на здравото опшество.

Нејасно е зошто ДУИ на маса ги става случаите како Монструм и Сопот кога по барање на интегративиците случајот за петкратното убиство на младите момчиња и рибарот е вратено на повторно судење, а во март 2018 Катица Јанева како специјален обвинител ги ослободи обвинетите во случајот Сопот бидејќи според СЈО не постоеле докази дека тие во 2003 година поставиле мина на локалниот пат Сушево – Сопот кога двајца полски војници и еден македонец ги загубија животите.

Ова не е прв пат ДУИ да поставуваат услови за коалицирање со нив, но и за закони кои им одат во полза. Уште се свежи сеќавањата за како ДУИ бараа имплементација на Тиранската платформа, која сегашната владата ја негира, а речиси во целост е исполнета. А пред само недела дена ДУИ за да даде поддршка за законот за јавно обвинителство бараше измени во изборниот законик односно прекројување на 5тата и 6тата изборна единица. Сега Маврово и Ростуше се во 5ката. Според аналитичарите со ова ДУИ извојува мини победа односно зголемување на бројот на албанци претеници во Собранието.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста