Дуелот Македонија – Косово најверојатно ќе се одигра без присуство на публика

Речиси е извесно дека натпреварот од полуфиналето во Лигата на нации помеѓу Македонија и Косово, ќе се одигра без присуство на публика. Иако сеуште нема официјална потврда од страна на УЕФА за такво нешто, јасни се сигналите кои наговестуваат дека мечот ќе се одигра пред празни трибини. Натпреврот е закажан за 8.октомври на националната арена Тодор Проески во Скопје, за нашата селекција е исклучително важен бидејќи со триумф над Косово одиме во финалето каде ни претстои меч со подобриот од дуелот помеѓу Белорусија и Грузија, што воедно е последна пречка пред пласманот на ЕП кое е поместено за догодина. Од европската фудбалска куќа во моментов ги разгледуваат сите можни сценарија за бражите, но следејќи ја актуелната состојба со корона вирусот сосема очекувано е наскоро да биде донесена одлука престојните мечеви на репрезентациите да се играат пред празни тирбини.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста