Студенти „добредојовте“, ама само на албански- прв академски час во Тетово

Добредојде и успех на студентите во новата академска година им посака денеска ректорот на Државниот Универзитет во Тетово,професор Вулнет Амети,но, само на албански јазик.

Така помина и целата церемонија .Студентите Македонци разбраа само кога им ги читаа имињата, при доделувањето на индексите.          

  

Ова е практика веќе со години.Речиси сите свечености, предавања, настани, поминуваат без превод за македонските новинари.И денеска се јавивме да реагираме, но одговорот беше ист- жалиме, нема превод, снајдете се од колегите.Бројните реакции досега, не резултираа со промена на начинот на организирање на настаните.Дури ниту денеска, надлежните не успеаја да преведат барем еден лист за новинарите од македонските редакции.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста