Државни функционери кои не знаат ни „м“ од македонскиот јазик

Незнаат македонски јазик , ама ја водат државата.  Министерот за животна средина , Насер Нуредини говори на англиски, заради тоа што не знае македонски. Нуредини го води едно од најзначајните минстерства , во монети кога загадувањето е алармантно, па новинарите бараат одговори,  арно ама не ги добиваат. Министерот или несака да зборува или зборува на ангилиски јазик, македонскиот по малку го разбирал ама не го говорел .

Министерот за животна средина Насер Нуредини, оди по стапките на претхопдникот Садула Дураку. И тој едвај говореше македонски . Додека беше Mинстер за екологија кажа дека не го интересираат граѓаните , па потоа се вадеше на лошиот говор на македонскиот јазик . Во една прилика тој и одби да го користи македонскиот  пред новинарите, затоа што не го признавал за службен. Во  Mинистерство за животна средина не се снајде па доби прекоманда и стана Министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во време кога Македонија е постојано критикувана дека не прави се за да им ги задоволи правата на Албанците, особено кога станува збор за јазикот, ние имаме министри кои не го ни знаат македонскиот јазик. Не постои Министер во владата на Албанија или Косово кој не знае и не зборува албански јазик, логично.

Па дури и претставниците на српската заедница на Косово го знаат албанскиот јазик. Секако ова се подразбира и за владините функционери во Тирана. Не е ниту луксуз, ниту особена желба, туку едноставно функционер на Влада во една држава мора по закон да го зборува официјалниот јазик. По кој закон тогаш во владините фотељи седат министри како Нуредини?

Елена Марковска