Државната „ЕСМ“ го презема управувањето на „БЕГ“ и топлифкација „Скопје Север“

Државните „Електрани на Македонија“ од утре и офцијално го преземаат управувањето со топлинските компании „БЕГ“ и „Скопје Север“. Ова се предвидува откако државата прогласи кризна состојба на пазарот со топлинска енергија. Колку пари ќе не чини преземањето, од Владата ниту денеска не кажаа точна пресметка. Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека се ќе зависело од тоа како ќе се движат берзанските цени на гасот.

Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека греењето ќе биде продолжено до еден часот по полноќ и оти ќе нема намалување на температурата на греење.

  • Денеска попладне ќе имаме владина седница на која „ЕСМ“ е обврзан да го достави Предлог-договорот за техничка соработка со „БЕГ“. Согласно одлуката за прогласување на кризна состојба во делот на топлинската енергија, дополнително ќе вбризгуваме средства во „ЕСМ“. Од утре, „ЕСМ“ ќе управува со „БЕГ“ снабдување, „БЕГ“ дистрибуција и „БЕГ’ производство со цел граѓаните на град Скопје во континуитет и сигурно да бидат снабдувани со топлинска енергија до крајот на грејната сезона, изјави Бектеши.

Бектеши истакна и дека долговите што ги прават „БЕГ“ и „Скопје Север“ кон термоечектраната „ТЕ-ТО“ за снабдување со гас во изминатите неколку дена заклучно со 21 јануари, ќе треба да ги решат самите тие со договор за одложено плаќање или на друг начин.

Засега, вели министерот, биле предвидени 6 милиони евра за покривање на трошоците на снабдувачите со топлиснка енергија, но сепак уверува дека во буџетот имало пари, ако бидат потребни повеќе.

Инаку, веќе од утре, граѓаните ќе имаат парно и до 1 часот по полноќ. Надлежните уверуваат дека проблеми до крајот на грејната сезона нема да има. Граѓаните сега плаќаат сметки за парно повисоки за 14%.

Претходно, Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на 17 јануари, и одлучи „ЕСМ“ да го преземе управувањето со „БЕГ“ и „Скопје север“. Кризната состојба ќе трае 30 дена.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста