Државна помош за унгарските компании кои се соочуваат со петешкотии како резултат на Брегзит

Унгарската влада ќе одвои 22 милијарди форинти односно 63 милиони евра од државната каса за да им помогне на компаниите кои се соочуваат со потешкотии од Брегзит. Апликациите за државна поддршка може да се поднесат помеѓу 11 и 15 октомври соопшти унгарскиот министер за надворешни работи. Петер Сијарто. Унгарија нема да ја чека Европската унија која можеби ќе помогне за четири години, но некои компании имаат потреба од помош веднаш вели Сијарто.

ПЕТЕР СИЈАРТО – УНГАРСКИ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

„Продолжениот трансфер не е решение во моментов, нема време за чекање, бидејќи економијата наскоро ќе закрепне и наш интерес е унгарските компании да бидат добро капитализирани и да можат да ја заземат најдобрата можна почетна позиција сега за новиот глобален економски натпревар ,”  рече унгарскиот министер.

Унгарската влада веќе ги има објавено главните услови за добивање поддршка кои почнуваат со важност од 1 октомври, по што унгарските компании ќе имаат десет дена да ги подготват апликациите и и 5 дена да аплицираат.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста