Државјанството, личните карти… власта „штанца“ закони на брза лента

Законот за државјанство ќе биде со европско знаменце, но сепак се уште не е пристигнат во собранието пред пратенците. За јавноста и опозицијата од македонскиот блок содржината на законот останува тајна, оти така се договориле Заев и дел од албанските партии. Од владата велат во законот се вментати ЕУ регулативи, па затоа законот ќе бил со европско знаменце, но други детали не кажуваат. Од Алијанса на Албанците пак велат дека се договориле законот да биде со знаменце за да се избегнат можности за негово блокирање.

Дел од аналитичарите децидни, оваа Влада ги крши законите и го употребува европското знаменце за законите кои воопшто не се соодејствуваат со европското законодавство.

Ние сме сведоци дека во изминативе 4 години буквално се врши насилство врз Уставот, законите, врз работата на Собранието. Се носат многу закони кои воопшто немаат никаква допирна точка со законодавството од Европската Унија, со тоа европско знаменце, значи имаме целосна злоупотреба на европското знаменце. Мислам дека во овој случај дека тоа е и најизразено зошто од оние неофицијални информации кои дојдоа до јавноста, во однос на некои одредби од тој закон, тој е во спротивност со европските закони за државјанство, вели Божиновски за Алфа.

Освен што тајно го крои законот за државјанство и планира да го усвои по брза постапка, власта во парламентот спроведува и досега невообичањена пракса на туркање на брза лента и на неколку други суштински закони. Среде расправа за ребалансот на буџетот, кога по традиција се останато треба да мирува, во тек е попстапка и за измени на законот за лични карти кои треба да станат повеќејазични и со новото уставно име. Неколку месеци претходно идентично падна и одлуката за пасошите. Експертите предупредуваат дека ова се прави свесно, среде летен период:

Инаку предлог законот за државјанство е поднесен од страна на Алијанса за албанците. Левица го блокираше законот со илјадници амандмани, а   опозицијата реагира и за делови од законот во кои се предвидува државјанство да се додели со изјави на сведоци и без услов да се познава македонскиот јазик. Дали овие точки се уште ќе бидат во законот не се знае, оти тој се уште крои далеку од очите на јавноста.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста