Државен завод за ревизија: 4,6 милиони евра незаконски си поделиле обвинителите на СЈО

СЈО незаконски си исплатило 4.6 милиони евра за додатоци на плата, утврдиле ревизорите кои ја чешлаше исплатата на плати и бонуси во веќе згаснатото специјално обвинителство.

Во нивниот извештај стои дека дел од платите и додатоците се законски, но делот од додатоците кои имаат степен на класифицираност се исплатени на незаконски начин. Односно, наместо 35 отсто од плата колку што требало да им следува како додаток за  доверливост, ризик и посебни услови за работа, тие месечно си делеле по 70 илјади денари месечно плус на основната плата. Оттука се овие 4,6 милион евра пари од граѓаните што им легнале на сметките на луѓето во СЈО.

Во однос на остварувањето на правото на другите надоместоци, точноста на пресметките, евидентирањето и исплатата утврдивме дека истите не се во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти, велат од ДЗР.

Извештајот е направен на барање на  обвинителството што го води Вилма Русковска. Таа не сакаше да го коментира извештајот, а на прашање дали ќе биде покренато обвинение за овие пари, рече ќе почекале уште еден извештај.

Сумите што си ги делеле обвинителите ја зовреа јавноста уште кога лани се обелоденија парите. Прва на листата за бонуси е очекувано екс шефицата Катица Јанева, таа зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата кој отпрлика била нешто над 3.500 евра месечно.

По Јанева најмногу се „офајдила“ обвинителката Елизабета Јосифоска. Таа земала дури 107 илјади евра плус. И Лиле Стефанова не била покусо. Ќарила плус 94 илјади евра за бонуси. Фатиме Фетаи заработила над 87 илјади евра за 4 години, слични суми на име бонуси добиле и обвинителите Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски, од 86.234 евра, односно 85 илјади евра.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста