Државата гори, Мерко вработува:14 нови луѓе им се приклучуваат на 213 административци

Која мајка изгубила сина, ќе го најде во зградата на општина Струга. Во услови кога се соочува со блокирана сметка и куп долгови,градоначалникот Мерко ја полни општината со нови вработувања. Заклучно со 31.12.2020-та,општината броела 213 вработени,но оваа бројка се зголеми за 14 нововработени кои добија решенија на 29 јануари.Според годишниот план за враборување за 2021-ва, до крајот на годинава треба да се вработат уште 4-ца, со што општината ќе брои  231 административец.

Овие вработувања го оптоваруваат оштинскиот буџет за скоро 2 милиони евра на годишно ниво-вели советникот кој е и претседател на О.К. на ВМРО ДПМНЕ, Ален Деребан.

  • И покрај огромиот број на вработени, администрацијата е непродуктивна, тромава и не ефикасна.Имаме илјадници не решени предмети кои стојат во фиоки,а тоа е така затоа што сите овие вработувања не се вработуваат согласно законот за административни службеници со исполнување на критериуми за стручност, степен на образование и искуство, туку основниот услов за вработување моментално во Општина Струга е кандидатот да има членска книшка од ДУИ или СДСМ. – изјави Ален Деребан – ВМРО ДПМНЕ Струга.

Нефунционална и неефикасна, не е само општината туку и јавните претпријатија оти и таму сликата е идентична.Во изборна година, на врат ,на нос, и прептријатијата се користат за вработување на партиски кадри-додава Деребан,кој како што вели, голем е бројот на оние кои земаат плата, а не знаат нити каде  им се наоѓа работното место.

  • Голем дел од вработените не одат на работа, земаат плата и се на платен список, а проблем е и тоа што добар дел и од тие што  одат на работа, фактички ништо не работат.Апсолутно нестручни лица со несоодветно образование, без никакво искуство. – изјави Ален Деребан – ВМРО ДПМНЕ Струга.

Меѓу нововработените е и советничка од редовите на ДУИ, која редовно доаѓала на седниците, гласала при носењето на важни одлуки, а во исто време долг период одела во општината, на сега веќе нејзиното ново работно место и пред да добие решение за вработување. Таа присуствувала и на последната седница на Совет одражана на 28-ми јануари.

За сево ова побаравме став од градоначалникот Мерко, тој не одговори на повиците оти бил на состанок.Но не ни одговори ниту на прашањата кои му ги испративме.

На фејсбук страната на општина Струга Мерко се форографирал со сите нововработени и истите го прикачил на социјалната мрежа.

-Браво градоначаник, полни само малку беа вработени до сега.Уште собира општината, каде ќе ги ставите сите вработени-коментираа стружани.

Росица Голабоска