Државата гори, а Заев уверува дека е добро што вакцините доцнеле

Уште една нова, скандалозна изјава на премиерот – Македонија била во предност што вакцините доцнат. Откако власта се пофали дека првата тура вакцини преку Ковакс механизмот стигнува во недела, сега Заев се вели дека задоцнетата вакцинација ќе ни озоможела да ги видиме искуствата на другите земји.

„Има една предност што сме, така да кажам земја со задоцнување со вакцините. Земјите членки на ЕУ почнаа пред нас и можевме да согледаме предности и слабости, а од тоа може да извлечеме единствена констатација дека вакцините се здрави, треба да ги користиме сите. Колку час поскоро се вакцинираме сите, толку поскоро ќе ја победиме оваа грозна пандемија која го смени животот во целиот свет, така и во нашата земја“, рече премиерот Зоран Заев.

Но, оваа контроверзна изјава на премиерот се коси со сите досегашни апели на стручната фела, кои алармираат оти задоцнетата вакцинација чини човечки животи, па и тоа дека што поскоро се имунизира критичното население, толку побрзо ќе се разтеретат болниците и ќе одморат доктоите кои се исцрпени од едногодишната борба со корона пандемијата. Нешто што на пример и успеа на земја како Израел, која го имунизираше населението и полека ги трга рестрикциите, а затвори и голем дел од ковид центрите.

Изјавата на премиерот предизвика бурни реакции кај лекарите. Велат, срамно е да се расфрла со такви зборови, кога секој ден без вакцина значи нови починати пациенти од корона вирусот.

„Скандалозна е изјавата дека било што позитивно има во дебаклот и каснење со вакциниве! Секој ден плус значи нови жртви!“, пиша доктор Ненад Лазаров.

Вчера министерот за здравство објави оти првите 24.000 дози од вакцините на Астра Зенека преку Ковакс механизмот ќе стигнат во недела наутро.

Во, меѓувреме, во земјава се уште нема стигнато вакцини за масовна имунизација, како што милуваат да кажуваат властите. Освен донираните 8000 дози на Фајзер кои ни ги отстапи србија, а ги примија зравствените работници од Ковид центрите, во Македонија стигнаа едвај 3000 дози од руските вакцини на Спутник В, од вкупно нарачаните 200.000.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста