Државата дала 270.000 евра на фризерница да обучува правници и економсти- сопственикот за Алфа вели планирал на обука да го прати и фризерот

За обуки кои немаат никаква врска со фризерската дејност 270 илјади евра европски пари преку Владата, за три години легнале на сметка на мала фризерница во скопско Ново Лисиче, на име грантови за едукација, од страна на Националната агенција за европски и образовни програми и мобилност.

Додека во другите земји вакви грантови добиваат, училиштата, универзитети и други институции, преку агенцијата со која раководи Лидија Димова, во Македонија речиси 300.000 евра добива фризерски салон. Фризерницата „В.Е.З. Трејд“, најмногу пари добиле токму во оваа година на корона кризата, односно нешто повеќе од 180.000 евра. Во текот на 2019 добиле речиси 26 илјади евра, додека во 2018-та нешто повеќе од 63.500.

Екипата на Алфа телевизија денеска дојде пред фризерскиот салон во скопско Ново Лисиче, кој 270.000 евра грантови од Националната агенција за европски национални програми за образование и мобилност на име едукација. Сопственикот на овој фризерски салон пред камерата на Алфа вели дека неговите апликации биле целосно законски и дека парите кои што ги добил преку програмата Еразмус плус биле строго контролирани.

Сепак иако правниот субјект кој ги добил парите е регистриран како фризерски салон, ниту една од обуките не е поврзана со оваа дејност, потврди пред камерата на Алфа, сопственикот на фризерницата, Зоран Златковски.

-Овој пат мојата одлука е тоа дека сум аплицирал на проект во кој што можам да вклучам, други ученици, кој што се однесуваат на економска, правна струка и на други струки, каде што учениците од средните училишта можат да се обучуваат, вели Златковски.

Од добиените 270.000 евра, барем засега на обука не отишол ниту вработениот во фризерскиот салон на Златковски.

-Иако е фризерски салон, јас можам како сопственик, како апликант во Еразмус програмата да ги пратам моите вработени во странство… Досега не сум го пратил, вели Златковски пред камерата на Алфа.

Директорката на Агенцијата не го демантира овој скандал, Лидија Димова, не го демантира овој скандал кој излезе во јавноста, само преку фејсбук најавува ќе имало истраги.

-Националната агенција во изминатиот период изврши истраги и има отворено повеќе постапки за злоупотреба на средства. Поради тој факт, од тие засегнати страни периодов се соочува со неосновани напади кон угледот на институцијата, корисниците и соработниците. Ве молиме за трпеливост на патот до правдата и вистината.

Додека во Македонија големи пари преку програмите на Еразмус плус, добива фризерски салон, во другите држави парите за оваа цел завршуваат на сметките на реномирани универзитети, како и здруженија на кои дејност им е едукација.

Матеја Петровски