Државата без конкретни мерки за загадувањето, граѓаните револтирани

Во немање на конкретни мерки, ниту пак стратегија, власта ги обвинува граѓаните дека биле главната причина за загадување на воздухот. Министерот за животна средина рече дека греењето во домовите било главната причина за високата концентрација на загаденоста, не сремни да се справат со овој сериозен проблем.

  • Причината за ова е што граѓаните се враќаат дома и го вклучуваат греењето, но тоа не се само домовите на луѓето, туку и други објекти во државата, а потоа имаме и воздушен притисок. Значи, една од причините, за жал, е греењето во нашите објекти и домови, рече министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

И додека граѓаните постојано алармираат по социјалните мрежи дека е неподносливо, но тоа никако да стигне до власта која вели дека работеле на случајот. Од таму пак се правдаат дека ситуацијата била под контрола, и дека имало подобрување, иако на терен не може да се види никаков ефект. Велат проблемот не можел да се реши за кусо време.

  • Мерките поврзани против загадувањето не се стопирани целиот овој период. Тоа што како информација го имаме е дека Програмта за намалување на аерозагадувањето, за кое прв пат се издвоија пари, продожи да се спроведува и оваа година и речиси е при крај нејзината реализација, рече Арсовски.
  • Мерки поврзани со аерозагадувањето се спроведуваат постојано по планот на министерството за животна средина и на Владата. Ова е проблем кој што не може да се реши за кусо време, изјави порпаролот.

Загаденоста е најголема доцна во ноќта. Скопје секоја вечер руши рекорди, а отровните ПМ10 честички се неколку пати над дозволеното. Само во изминатото деноноќие најкритично беше во Центар, Гази Баба, Карпош и Лисиче.

Магливите денови по котлините го актуализираа проблемот со загадувањето на воздухот и во другите градови од државата. Прекумерно загадување имало и во Кичево, Тетово, Гостивар, Велес, Кавадарци и Куманово.

Мерењата деновиве покажуваат високи концентрации на ПМ10 честичките на метар кубен, но речиси секаде ги надминуваат дозволените 50 микрограми.

Државните мерни станици главно ја мерат концентрацијата на ПМ10 честичките, кои се само еден од шесте индикатори за загадување на воздухот. Во моментов ниту една државна станица не ги мери поситните и поопасни ПМ 2,5 честички, зашто добар дел од нив не работат и нема кој да ги поправи.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста