Државните претпријатија со загуби, во долгови, вработуваат нови кадри

Да беа државните претпријатија приватни, одамна ќе беа затворени. Нивните приходи биле намалени за дури 35% за 4 години – покажа анализата на Центарот за граѓански комуникации. Освен тоа што се нетранспарентни и во нив царува корупцијата, слабо ги враќаат и направените долгови или во просек за дури 17 месеци. Побарувањата, пак, си ги наплатуваат за 9 месеци. Поради тоа, на фирмите им е неисплатливо да соработуваат со нив, а ако прифатат, им нудат повисоки цени од пазарните – се наведува во анализата.

ЈП Проаква од Струга ако продолжи со исто темпо на работа би ги вратило вложените средства за дури 569 години. Во просек, 35% од капиталот на овие претпријатија е во рацете на доверителите. Затоа, експертите предлагаат стручен, а не партиски избран менаџмент во јавните претпријатија.

Од анализираните јавни претпријатија, ЈСП и Македонија Пат во целост се поседувани од доверителите. ЈСП не се финансира од сопствени извори, а загубите на Македонија Пат за 7 пати ги надминуваат капиталот и резервите. Експертите препорачуваат санирање на компанијата. Скопски Водовод и канализација лани имал загуба од 883 илјади евра. Двете железнички претпријатија, Транспорт и Инфраструктура во сите 4 години работеле со загуба која изнесува 28, односно 29.4 милиони евра. Комуналното претпријатие од Тетово најслабо стои со наплатата, му требаат 3 години да наплати месечна сметка.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста