Државниот санитарен инспекторат ќе врши истрага за случајот со 19-годишното момче од Кичево

Случајот со 19 годишното момче од Кичево кое повеќе од два месеци се влече по болници каде лекарите од Кичево,Охрид и Скопје го лекуваат без точно утврдена дијагноза,во свои раце го првзема Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој ќе спроведе целосна истрага.Младиот пациент во Институтот за јавно здравје се води како дијагностициран случај на Ковид 19,иако неговите роднините тврдат дека момчето било 4 пати тестирано на коронавирус и оти сите резултати биле негативни.

Неговите најблиски за Алфа сведочат низ што поминале откако момчето,како што тврдат најпрвин на 17-ти фебруар со симптоми на грип,отишло на матичен лекар каде што му била препишана терапија, но неговата здравствена состојба се влошувала,по што лекарска помош побарал и на интерното одделени во кичевската болница.Поради специфичната клиничка слика, момчето со знаци на пневмонија, на 6-ти април било префрлено на инфективното одделение во охридската општа болница,каде за време на 6 дневната хоспитализација,во рок од 24 часа било два пати тестирано на коронавирус.По негативните наоди охридските доктори дале упат лекувањето да ги продолжи во болницата во Кичево,но таму одбиле да го хоспитализираат.Го пуштиле на домашно лекување со обврска два пати дневно да доаѓа на терапија во болницата.Кога му се влошила состојбата на 13-ти април во ситните саати момчето е префрлено во скопската болница ‘’8-ми Септември”.

Одговорност ќе барам од директорот на болницата во Кичево зошто не го прими пациентот откако го испуштија од инфективно,во интерно одделение во Кичево.Зошто не беше згрижен тука и да му се даде медициска помош.Детето од 12 ч.до вечерта до 21ч беше дома.Отпусното писмо од Охрид го имаме,имаме снимано разговори каде што не информираат дека детето е негативно, а тие го преправаат во позитивно.Значи беше заведен како позитивен ? Да,да во четвртокот беше објавено дека пациентот бил наводно позитивен на некојси тест. И ви викам во ГОБ ‘’8-ми Септември повторно му е направен тест на 17-ти сабајлето ,на 18-ти повторно е потврдено дека е негативен тестот.И затоа некој ќе одговара, да ние добиваме стресови – вели за Алфа, роднина на момчето Спасе Дамјаноски.

Во болницата ‘’8-ми Септември” според тврдењата на најблиските,момчето најпрвин 3 дена лежело на одделот за ортопедија, од каде потоа го префрлиле на пулмологија каде сеуше се наоѓа.

Неговото семејство до в понеделник е во изолација,оти како што пишувало во решението кое им стигнало по електоронски пат-биле во контакт со лице заболено од коронавирус.Во изолација се и медицинските лица од кичевската болница,кои бил во контакт со младото момче.Ако пациентот е позитивен на коронавирис, зошто не се во излоација и леакрите во Охрид, каде момчето лежело 6 дена ? Додека надлежните го расветлан вака замрсениот случај, семејството на момчето поминува низ многу тежок период, оти како шо велат, жителите во зградат каде што живеат, го гледаат со презир и осуда.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста