Државни ресурси во партиски цели: Филипче со службено возило заедно со Заев и Николовски на митинг во Штип

Венко Филипче си терал предизборна кампања со службено возило. Антикорупциска ќе достави иницијатива до Владата, за утврдување одговорност од страна на министерот за здравство, поради прекршување на изборниот законик, во делот  за забрана на употреба на буџетски средства од денот на распишување на изборите. Тој со автомобил сопственост на државата, заедно со лидерот на СДСМ Зоран Заев и партискиот ген сек Љупчо Николовски, бил на партиски настан во Штип.

-Таа кола е возена од министерот, кој претходно во Штип извршил работи и работни задачи во своја надлежност, но учествувал и во претставување на програмата „Можеме“, заедно со носителот на листата на пратеници од изборната единица 3, Љупчо Николовски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, изјави потпретседателот на ДКСК, Нури Бајрами.

Како што соопштија антикорупционерите возилото е во сопственост на Агенцијата за разузнавање, а на Министерството за здравство му било отстапено на користење.

-На министерството му е отстапено во рок од една година патничкото моторно возило со регистарски таблички СК-2933-АЈ. Договорот е склучен согласно член 44 од Законот за користење и располагање со стварите на државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, изјави Нури Бајрами.

Настанот за кој постои сомнеж дека Филипче злоупотребил ресурси на државата во партиски цели се случил на 28 јуни во Штип.

Матеја Петровски

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста