Дрогата е се поприсутна меѓу средношколците во Тетово

Неделава во тетовско средно училиште приведени беа ученици кај кои била најдена марихуана. Овој пример ја отсликува состојбата дека дрогата се повеќе ја има кај средношколците-односно малолетниците кои потоа одговараат дури и за сторено кривично дело. Лани полицијата во полошкиот регион привела над 200 луѓе поради употреба на дрога, при што возрасната граница се повеќе се спушта кон детските години.

Кај најголемиот број од лишените лица биле пронајдени марихуана и кокаин, со напомена дека меѓу нив среќаваме и малолетници на возраст од 15, 16 или 17 години, претежно марихуанџии вели Марјан Јосифоски.

За тоа дека користењето на дрогите и психотропните супстанции е се позачестено кај младите потврдуваат и од невладиниот сектор кои работат на оваа проблематика.  За да се промени таквата состојба потребно е државата да спречи одпштествета о оди во погрешен правец, затоа што голем дел од младите поради нерешливи проблеми посегнуваат и кон дрогата.


Вината за користењето на психотропните супстанции односно на марихуаната не би требало да се гледа кај младите, односно тоа треба да се гледа кај системот и општеството кое ги расте тие личности и ги формира тие млади лица.  Причината зошто користат младите психотропни супстанции и наоѓаат начин е затоа што сакаат да првично да избегаат од реалноста која не е баш среќна и не баш во корист на самите тие млади
изјави Елена Савевска.

Од тетовската полиција велат дека покрај репресивни мерки, се обидуваат и превентивно да делуваат. За опасностите од дрогата велат дека ќе се обидат да ги запознаат учениците со превентивно-едукативни проекти.

На учениците стручно обучени полициски службеници на СВР ќе им објаснат односно одблиску ќе ги запознаат односно штетните последници, здравствени, психолошки, социјални од користење на дрога алкохол или цигари, но и со законските импликации и другите можни општествено девијантни појави кои неретко произлегуваат од овие пороци односно болести на зависност вели Марјан Јосифоски.

Дел од невладиниот сектор во Македонија бара декриминализација на на личната употреба и поседувањето на канабис/марихуана.

Александар Самарџиев