Драстичен раст на цените, минимално зголемување на пензиите

Пензионерите револтирани – примањата им се зголемија за помалку од 3% додека цените беа драстично покачени. Велат дека ова е понижување а не помош.

„Револтиран сум за ова, меѓутоа тоа е сега што да правиме, тоа е кога немаме асални ниту раководства во државата, ниту во пензискиот систем не бараат. Во странство не знам, вие треба да истражите како новинари, слушам 5,5% во Србија, Словенија им дадоа од сто и триесет до триста евра, во зависност од големината, во Бугарија, исто, 6,1% и да не набројувам, меѓутоа- тоа е тоа.“

„Не е доволно, не е доволно, воопшто не е доволно. Така да нема што, еве за лекови сега сум дал 2 000 денари, а уште не се купени сите лекови. 3% на 15 000 денари, тоа е 450 денари, тоа ништо не е, а не се ни толку.“

„Тоа е малку. Веројатно, не треба да биде тоа 3% на сите, туку некоја друга скала.“

„Јас не знам како ќе се живее, многу е скап животот. Сметките за струја сега се исто така покачени. Јас не знам стварно сега што ќе се прави. Трба малку повеже да се поведе, овие само си ги гледаат интересите нивни… а за народот- не знам?“

Здруженијата на пензионери веќе побараа промена во методоологијата за усогласувањето на пензиите – бараат покрај растот на цените да се зема предвид и растот на просечната плата.

Од Минстерството за труд велат дека допрва ќе се правеле анализи и ќе се формирале работни групи, конкретен план нема.

„Дел од програмата на владата е промена- да отвориме една експертска дебата за промена на системот за усогласување на пензиите, во првиот квартал од годината.“, изјави Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.

Според Државната статистика цените на мало во декември 2021-та се зголемиле за 6% во однод на истиот месец од претходната година, а трошоците на живот за4.9%. Најголем раст има кај транспротот за речиси 17%, а потоа кај храната и пијалацитре за речиси 7 и кај угостителските услуги за речиси 6%.

Од друга страна пензиите со јануарското усогласување пораснаа за 2.9%.

Јане Трпковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста