Драма во скопски Карпош-Жена сакала да се самоубие фрлајќи се од петти кат на зграда, полицијата ја спаси

Околу еден час жена, на околу 35-40 годишна возраст стоеше на 5тиот кат од зградата во обид да си го одземе животот. Соседи на другите тераси, луѓе од скопски Карпош, медицински персонал, пожарникари и полиција беа собрани на и околу  булеварот Илинденска.

Поставена беше и мека подлога во случај жената да скокне. Ја поставиле пожарникарите. Нив ги повикале соседите.

  • 12 и 20 минути примивме дојава дека има жена која сака да си го оддземе животот. Имаме душек, го понезовме и него и ги завршивме сите работи кои се однесуваат на нас.. рече ВЛАДИМИР  ТОШЕВСКИ – КОМАНДИР НА ВТОРА ЧЕТА

Се обиделе со јаже од погорниот кат да ја дофатат и да ја спречат, но во меѓувреме стигнала и интервентната полиција која успеала од внатре во станот да ја извлече од терасата.

  • Имавме дојава од интервентната полциија да е превмземаме ништо дека они ќе ја преземат случајот. Ја пробија вратата, влегоа и ја смирија жената.. рече ВЛАДИМИР  ТОШЕВСКИ – КОМАНДИР НА ВТОРА ЧЕТА

Откако драмата за среќа не заврши трагично, жената влезе во болничко возило и и беше понудена прва помош.  Долу со полицијата стоеше човек кој според соседите- сведоци е нејзин близок. Но приказната што точно се случило и кој бил мотивот за жената да сака да си го одземе животот се уште е непозната.

За сега нема официјални информации од надлежните институции.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста