Драги Рашковски како притвореник си шета слободно- премиерот Заев слушнал од медиумите

Драги Рашковски, поранешниот прв соработник на премиерот Зоран Заев иако во куќен притвор, слободно шета низ Скопје. Она што е чудно што иако притвореник, тој низ скопската населба Аеродром, се движи без какво било полициско присуство, што треба да е задолжително кога притворено лице мора да оди било каде додека мерката е на сила. Од МВР информираат дека причината биле здравствени проблеми, поради кои екс владиниот генерален секретар добил дозвола од судот за слободно движење.

-Драги Рашковски има дозвола од Основен кривичен суд Скопје 1 со која поради здравствени потреби му се дозволува да се оддалечи од домот за да оди во точен период од денот да ја добие здравствената услуга. Дозволата е за точно определени денови. Во останатиот период од денот (освен периодот од неколку часа, кој му е дозволен од судот) Драги Рашковски ја почитува мерката. Конкретно денеска се направени две проверки од полициски службеници на СВР Скопје и Драги Рашковски ја почитувал мерката која му е изречена, велат од МВР.

Но зошто Рашковски се движи без полициско присуство е нејасно. Дека тој  добил дозвола за слободно движење иако е притвореник, од медиумите дознал и неговиот кум. Премиерот Заев сепак знае дека тој имал дозвола поради здравствени причини:  

-Соопштија правосудните органи и МВР дека има дозвола од суд, во точен период кога да оди на лекар и тоа го прочитав од медиумите. Значи ниту знам јас зошто е виден да оди слободно или не, така да знам дека има точно предвидено со решение на судот, кога да оди на лекар заради здравствени потреби. Точно колку пати во неделата, кој дел од денот, изјави Заев.

Ваквата одлука на судот за која јавноста дозна откако беше објавена фотографијата од Рашковски, отвори многу дилеми, пред се околу двојните аршини на македонското правосудство. Пред само 10-тина дена по сторена сообраќајна несреќа се дозна дека на слобода, иако осуден бил и Зоки Кичеец. А во исто време иако со лекарска документација и понудена милионска гаранција, бизнисменот Јордан Камчев, се уште е во Шутка. Слободното шетање на притвореникот Рашковски предизвика бура реакции во јавноста.

-Да се потсетиме дека Заев и за софтверот на Рашковски тврдеше дека е набавка по Закон. Нема правна држава додека Заев тужи, Заев суди.

-Рашковски НЕ СМЕЕ да оди на лекар без спровод! Сам може само од дневна во ВЦ да се движи! Ди Енд!

-Рашковски, Боки од домашен притвор и Кичеец од затвор влагаат во Силбо.

Инаку, Рашковски е осомничен за набавката на софтвер за потребите на МВР, кој е негова лична иновација.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста