ДРАГАН СТОЈКОВИЌ ПИКСИ СЕ ОТКАЖА, САВО МИЛОШЕВИЌ НАСКОРО ЌЕ СТАНЕ СЕЛЕКТОР НА СРБИЈА

Драган Стојовиќ Пикси се откажал од натамошни преговори со Српската фудбалска федерација по што се очекува во следните денови во селектор да биде промовиран Саво Милошевиќ. Не се познати причините за откажувањето на асот на Црвена Звезда и тоа по десетина дена во кои тој беше главен кандидат, и тој најљубезно се заблагодари, како што не е познато зошто се откажа и третиот кандидат Владан Милојевиќ. Сега Милошевиќ има чист терен и никој не се сомнева дека тој на 24 март ќе ги предводи соседите во првиот дуел од квалификациите за Светското првенство против Република Ирска.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста