ДПА остана без ветената финансиска полиција-на повидок нова кавга во владината коалиција?

Ќе има ли нова кавга во владината коалиција откако ДПА остана без финансиска полиција?Барање кое партискиот лидер Мендух Тачи му го постави како услов на Зоран Заев за да прифати постизборна коалиција со СДСМ. Тачи на средбата со Заев на почетокот на август му кажал дека му треба овој ресор,оти сакал да ги истражува трансферите на пари од Иран и Катар. Дали и колку ќе ја налути ДПА ова извисување, во партијата на Тачи засега молчат.Побаравме,но не добивме одговор.

И за разлика од тоа што од владиниот колач многу не се офајдија албанскиот коалициски партер БЕСА и ДПА,кои сеуште не се знае како ова ќе го наплатат,СДСМ најмногу го задоволи старо-новиот коалиционен партнер ДУИ.Партијата на Ахмети  доби речиси се што посакуваше-шест министерства, меѓу кои клучните-финансии, економија, дипломатија.Првиот вицепремиер, Артан Груби вчера соопшти дека ќе имаат и пет заменици министри- во внатршени работи, одбрана, здравство, правда и транспорт и врски,како и пет државни секретари.                                                                                            Неделава треба да заврши и поделбата на директорските фотелји.И тука, ДУИ доби клучни позиции, како МЕПСО, АЕК, Фондот за здравство, Државни патишта.

Неофицијално веќе се зборува и за имињата.  Со МЕПСО ќе раководи Мукадес Хајдари, во АЕК директор ќе биде Аријанит Џафери, шеф во Фонд за здравство Фатон Ахмети, во Државни патишта Ејуп Рустеми. Бирото за јавна безбедност ќе го преземе Шефик Бајрами,досегашен началник на СВР Тетово, додека со Финансовата полиција ќе раководи досегашната заменичка во финансии, Ширет Елези.

ДУИ го добива и трудовиот инспекторат, Агенцијата за лекови и Државен Катастар. Директори за Интегративците ќе има и во Директоратот за заштита и спасуваме, Бирото за метрологија, Центарот за управување со кризи и Железници. Атрактивните директорски позиции кои ги доби партијата на Ахмети,ги потврди и првиот вицепремиер, Артан Груби.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста