Доживотен затвор за прилепскиот двократен убиец Никола Петрески

Доживотен затвор му е пресуден на 52-годишниот Никола Петрески од Прилеп, кој лани на 11-ти јануари, со употреба на огнено оружје-пиштол, на лице место ги усмрти својата десет години помлада сопруга Александра и нејзината 63-годишна мајка Трајанка, а тешко го рани и братот на сопругата, Љупчо Костоски. Крвавата драма, која се случила во раните утрински часови во домот од родителите на сопругата Александра, а со која убиецот подолго време имал нарушени брачни односи заради што живееле и одвоено, се одвивала пред очите на нивниот малолетен син. Во моментот на трагедијата, во куќата биле и таткото на Александра, сопругата од повредениот брат Љупчо и нивните две малолетни деца. Ова е прв пат во историјата на прилепскиот Основен суд да биде донесена најстрогата затворска казна кај нас.

  „Се работи за четири кривични дела…се работи за најтежок вид на кривични дела, тука има и кривични дела од областа на семејното насилство…и две убиства други во обид…Посебно се ценети отежителните околности, и тоа – видот и карактерот на кривичните дела за кои се товари обвинетиот, бројот на сторените кривични дела, начинот на сторувањето на истите..потоа општествената опасност од овој вид на кривични дела каде како објект на заштита е животот на човекот…“ – изјави судијата Жарко Велески, портпарол на Основен суд Прилеп.

    Инаку, доживотен затвор за свирепото убиство, уште летоска, при првото судско рочиште побара и синот и брат на двете убиени жени, кој и самиот беше тешко повреден со трајни последици, а одбраната на семејството Костоски тврдеше дека овој случај ќе биде сериозен тест за правосудниот систем во земјава.

   „Станува збор за две убиства, на мојата мајка и на мојата сестра. Загрозена ни беше цела фамилија, а јас тешко ранет.Тука нема некоја сатисфакција, ама во името на правдата, дефинитивно би требало пресудата да биде доживотна робија, од причини ова да не се повтори, никогаш, никој да не го искуси на своја кожа, оти ова е најголем хорор“, – изјави Љупчо Костсоски, девет месеци по маскрот (10.09.2020).

   Убиецот Никола Петрески, до правосилноста на Пресудата, а на која има право на жалба до повисоките судски инстанци, останува во притвор во Затворот во Скопје, каде е сместен уште веднаш по двократното убиство, иако и самиот беше повреден кога во обид за да си го заштити семејството од целосен масакр, Љупчо Костоски, иако и тој со тешки повреди, успеал да го совлада насилникот, нанаесувајќи ми сериозни телесни повреди.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста