Донесувањето на новиот Закон за забрана на нефер трговски практики е уште едно законско решение за заштита на стандардот на граѓаните

Донесувањето на новиот Закон за забрана на нефер трговски практики е уште едно законско решение за заштита на стандардот на граѓаните

     Имплементацијата на новиот Закон за забрана на нефер трговски практики кој стапува на сила од 28 септември е уште едно одлично законско решение за заштита на стандардот на граѓаните. Со неговата примена на над 2.500 типови на земјоделски и прехранбени производи, рабатот ќе биде ограничен на најмногу 10 проценти во односот помеѓу добавувачите и производителите. Законот за забрана на нефер трговските практики кој за прв пат се применува кај нас и е скроен според моделот од Хрватска, Словенија и Бугарија, како земји членки на ЕУ, треба да стави крај на разузданоста на некои домашни неодговорни поединци каде овој процент на рабат изнесувал дури и над 35 проценти, уверува заменик – министерот за економија Марјан Ристески. Според него, овој Закон ќе донесе формирање на фер пазарни цени, кои ќе бидат пониски, што пак е во интерес на граѓаните, како крајна цел од неговата имплементација.

  „Од она што досега е увидено во тие нефер трговски практики, практично биле оптоварувани договорите на самите добавувачи и птоизводители, така што некаде и проентот кој што се однесувал на рабатот бил негде и над 35-40 посто, а понатаму добавувачите и производителите сето тоа го вкалкулираат во крајната цена на производот, односно тоа влијае на џебот на самите потрошувачи, односно граѓаните“, објаснува Марјан Ристески, заменик- министер за економија.

Инаку, Законот за забрана на нефер трговски практики беше изгласан на 13 март годинава и при крај е шестмесечниот адаптибилен период за старт на неговата примена. Тој е работен според европската директива донесена во ЕУ уште во 2019 година. Во законот се уредени правилата и мерките за спречување на наметнувањето на нефер трговски практики помеѓу добавувачите и купувачите, како и соработкатс помеѓу надлежните органи за спроведување на надзорот над примената на нефер трговските практики.  

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста