ДОНЧИЌ НЕ УСПЕА СО ДАЛАС, ЛА КЛИПЕРС ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ЗАПАД

Далас не успеа да избори мајсторка, ЛА Клиперс славеше во шестиот дуел со 111-97 за 4-2 во победи и место во полуфиналето на Запад. Овој пат не беше доволен учинокот на Лука Дончиќ со 38 поени и по 9 скока и асистенции, Клиперси постојано беа во предност, на чело со Каваи Ленард, кој финишираше со 33 поени и 14 скока. Мечот го одбележа и мал инцидент во кој Маркус Морис на двапати го удри по глава Дончиќ, поради што беше исклучен.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста