Дончиќ го урна Клиперс, нов трипл-дабл за Јокиќ

Кога Лука Дончиќ е расположен, а ретко кога не е, Далас лесно победува во НБА. 12-та на последните 16 меча, овој пат против ЛА Клиперс со 105-89. Младиот Словенец заврши со 42 поени, што за него е деветти меч во кариерата со најмалку 40 на контото. Денвер го совлада Шарлот со 129-104, предводен од Портер со 28 коша и Јокиќ со 12 поени и по 10 скока и асистенции. За српскиот центар ова е 10ти трипл-дабл сезонава, а вкупно 51ви во кариерата. На останатите среби, Бруклин-Индијана 124-115, Детриот – Торонто 116-112, Филаделфија – Милвоки 105-109 (продолженија), Вашингтон – Сакраменто 119-121, Чикаго – Сан Антонио 99-106, Кливленд – Бостон 117-110, Хјустон – Голден Стејт 94-108 и Мемфис – Мајами 89-85

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста