Доналд Трамп пиел недокажан лек за превенција од Ковид-19

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека зема лекови против маларија за да ги ублажи симптомите во случај да е заразен со коронавирусот, иако неговиот ефект против инфекцијата не е докажан. Трамп им рече на новинарите дека зема „хидроксихлорокин и додаток на цинк“ секој ден околу една недела и половина.
“Почнав да го земам затоа што мислам дека е добро. Слушнав многу добри приказни”, рече Трамп.
Според експертите хидроксихлорокинот може да предизвика аритмија, но лекарот на Белата куќа вели дека „потенцијалната придобивка од третманот ги надминувала релативните ризици.